Wednesday 31 October 2012

ХИЕРОГАМИЈА



Се отвора небото. Светка. Некаде по планините удираат громови. Луѓето од пред зграда некаде набрзина се сокриваат. Мајка ми при секое светкање најпрвин се згрчува, потоа со дланките си го покрива лицето, а откако ќе згрми, вриснува и си ги тегне ушите надолу во исто време создавајќи со усните звук како да бакнува некого. Во меѓувреме трча низ станот, ги затвора сите прозорци, ги спушта ролетните и вика по нас да ги исклучиме телевизорите и компјутерот од штекер. Татко ми не си го дава телевизорот. Секогаш е така. Мајка ми вика по мене да се приберам од терасата. Јас стојам спокојно и гледам во поројот пред себе. Се раѓа во мене нешто секојпат кога ќе се спојат небото и земјата.

No comments:

Post a Comment