Скратено
патче:
баба
ми гази преку
комшиска
бавча.
Заклучив - горе
двапати,
еднаш долу.
Уф! А
шпоретот!?
Доста ми зуиш,
комарецу! Ај, касни
ме и оди си.
Бела полноќ на
островот
галебите
зборуваат в
сон.
Златна
рипка во
тегла од
кафе око-
корила очи.
Две патувања:
во автобусот
читам
дебела книга.
Накострешена
мачка вежба јога. Ја
боли ли грбот!?
Кучето лае
во ноќта – со кого ли
прави муабет?!
No comments:
Post a Comment