Saturday, 10 November 2012

дете


на почетокот
беа молитвите од замастеното календарче
на баба ми и
кандилцето во нејзиниот
параклис

таму
зборовите се шепотеа

тогаш
сѐ беше просто
како љубовта
со која баба ми ја месеше
проскурата пред богослужба

2 comments:

  1. Убави, и некако мелодично прозвучуваат кога ги читам.

    ReplyDelete