Monday 10 December 2012

натема го натема!


долу е проклетникот слезен
на земјава

и од него куртул нема

бекнеш ли против него
го повикува стариот саатчија
напомош
а тој си ја мазни козјата брадичка
и почнува:
ти текнува ли...

а тебе ти текнува
сѐ ти текнува
од раѓање ти е удрен мурот

џабе ти е и водата крстена
и што жив те закопувале в песок
и што си се одрекувал трипати по стопати
и си се поплукувал в пазуви
и си шепотел: скраја да е
и си заспивал престорен клопче
и си се раѓал
отпочеток

џабе
од него куртул нема

бекнеш ли...

од раѓање ти е удрен мурот
и тебе
и на старите твои

долу е проклетникот слезен
а излезот е само еден

No comments:

Post a Comment