Работи!
Работи
умот.
Се
растрчале мислите
ко
мравки од згазнат мравјалник.
Три пута ударник!
Три пута ударник!
Претрчуваат
ко
мали деца на црвено.
И
кај што треба
и
кај што не треба.
Прескокнуваат
огради.
Летаат
ко глуварчиња.
Пукаат
ко балони:
од
сапуница
или
од пакетче хуба-буба.
Исчезнуваат
засекогаш
или
оставаат лепливи траги по лицето.
Телото
не седи мирно.
Рацете
посегаат да дофатат нешто:
некогаш
небо,
некогаш
грутка земја.